Што рече Пеп во февруари за можното пристигнување на Меси во Манчестер Сити?

Синоќа се појавија информациите дека Лионел Меси донел одлука и официјално ги известил челниците на Барселона дека сака да го напушти клубот.
Пред тоа се шпекулираше дека Меси може да го напушти Камп Ноу, но дури сега се разгорија ваквите шпекулации.
Интер, потоа Манчестер Сити – се клубовите кои сега се споменуваат како можна следна дестинација на Меси.
Дури имало гласини дека Меси веќе контактирал со Пеп Гвардиола и разговарал за можен трансфер во Манчестер Сити.
Ова не е целосно нова приказна, затоа новинарите му поставија неколку прашања на тренерот на Сити за можното пристигнување на Меси на „Етихад“ во февруари. Во тоа време, Гвардиола беше сигурен дека Меси ќе остане во Барселона, па дури и истакна дека тоа е негова желба. Денес, ништо повеќе не е сигурно.
When Guardiola was asked about Messi in February 👀 pic.twitter.com/oTIqRWsT6e
— ESPN FC (@ESPNFC) August 26, 2020
„Тој е играч на Барселона, тој ќе остане таму. Тоа е мојата желба“, беа зборовите на Пеп.
Сепак, сигурно поголема е желбата повторно да соработува со аргентинскиот виртуоз …



