Што се случува со окото на Гатузо?
Д М21 дек 2020

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо во последно време има проблеми со десното око.
Гатузо е принуден да носи заштита на очите, а причината за ова е очна болест наречена окуларна мијастенија.
Тоа е автоимуна болест која влијае на надворешниот дел на окото и трепките. Мускулите ослабуваат, окото се затвора и покрај тоа може да предизвика „двојно гледање“.
Затоа Гатузо носеше специјални очила, а тој носеше заштита над окото и ќе остане така сè додека не се подобри состојбата со окото.
Сепак, наскоро сè треба да биде во ред со тренерот на Наполи. Тој е навикнат да му се случува ова и веќе извесно време се занимава со овој проблем.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



