Connect with us

Фудбал

Што се случува во Марсеј? Нови позитивни случаи на коронавирус

Во време кога фудбалот ширум светот полека се обидува да се врати во нормала, се повеќе е веројатно дека вирусот корона сепак ќе предизвика големи проблеми во иднина.

И, за тоа сведочат и информациите кои доаѓаат од редовите на францускиот прволигап Марсеј.

Имено, откако беше откажан дуелот од 1. коло на францускиот шампионат со Сен-Етјен, поради четири позитивни случаи на корона, Марсеј ја извести јавноста денес дека за време на тестирањето се потврдени уште три позитивни случаи.

За оваа информација беше информирана и здравствената комисија на лигата, која ќе донесе одлука за неделниот натпревар со Брест.

loading...

Француските медиуми веруваат дека втората средба на Марсеј ќе биде откажана, а што ќе се случи доколку се појават попозитивни случаи, во овој момент не се знае.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com