SportM
Фудбал

Швајцарија играше во Скопје, а Македонија? Ниту еден удар во рамките на голот

Редакција26 сеп 2026
Швајцарија играше во Скопје, а Македонија? Ниту еден удар во рамките на голот

Македонската фудбалска репрезентација доживеа убедлив пораз во Скопје со 3:0 од Швајцарија. Серијата без постигнат гол продолжува за Македонија петги меч во низа. Згора на тоа, девет меча во сите конкуренции, вклучувајќи и пријателски, немаме победа. Последен пат сме се радувале пред една година против Лихтенштајн.

На овој меч тешко е да се издвои еден поединец кој може да добие преодна оценка, можеби Столе Димитриевски кој и покрај трите примени голови, имаше уште неколку добри интервенции. На овој натпревар речиси ништо не функционираше во нашиот табор, почнувајќи од одбраната која беше како “швајцарско сирење”, до неорганизираниот и нефункционален среден ред, па се до безопасниот напад. Колку Македонија беше лоша вечерва покажува и статистиката која на крајот покажа дека немавме ниту еден удар во рамките од голот на Швајцарија. Сите наши напади, или обиди за напад завршуваа на 20 до 30 метри од голот на противникот. Ги “немаше на теренот” Барди и Елмас, а дебитантот Гаштаров се трудеше во средниот ред. А,  Швајцарија, па тие за разлика од Македонија, играа во Скопје и си победија со два гола во првиот и еден во вториот дел, како и уште неколку нереализирани добри шанси. Но, не беше Швајцарија толку добра, колку што Македонија лошо одигра.

Следноиот меч Македонија го игра на 29-ти овој месец, на гости кај Словенија која во рамките од истата група одигра 0:0 со Шкотска.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.