SportM
Фудбал

Швеѓанецот постигна прекрасен гол против Тунис, но не сакаше да слави: Причината е почитта кон неговиот татко! (ВИДЕО)

Редакција15 јун 2026
Швеѓанецот постигна прекрасен гол против Тунис, но не сакаше да слави: Причината е почитта кон неговиот татко! (ВИДЕО)

Шведска во првото коло од групата Ф на Светското првенство го совлада Тунис со убедливи 5:1, а првиот гол на натпреварот беше вистинска атракција.

Шведска поведе во 7. минута кога голманот на Тунис, Абделмухиб Шамах, истрча пред Александер Исак и успеа да ја одбие топката. Потоа до неа стигна Виктор Ѓокереш, но неговиот удар беше блокиран од еден туниски фудбалер, по што топката на крајот се одби до Јасин Ајари.

Ајари од околу 20 метри упати фантастичен удар и погоди за водство на Шведска, „пробивајќи“ го Шамах и уште еден играч кој се наоѓаше пред гол-линијата.

По спектакуларниот гол, еден од најубавите досега на турнирот, стрелецот не сакаше да слави.

Ајари одби бурно да го прослави погодокот и само ги подигна рацете додека соиграчите го прегрнуваа, а потоа падна на тревникот и се поклони..

Причината поради која не славеше е многу едноставна – таткото на Ајари е Тунижанец, а дури се зборуваше дека фудбалерот на Брајтон би можел да настапува за таа репрезентација. Сепак, на крајот тој избра да игра за земјата во која е роден.

Инаку, Ајари во самата завршница на натпреварот постигна гол и за конечни 5:1, но ниту тој погодок не сакаше да го прослави.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.