SportM
Фудбал

Швеѓаните веќе мислеа дека го изгубија Ибрахимовиќ, а тој ги воодушеви со порака на Инстаграм: „Не е готово…“ (ВИДЕО)

Д М19 мај 2021
Швеѓаните веќе мислеа дека го изгубија Ибрахимовиќ, а тој ги воодушеви со порака на Инстаграм: „Не е готово…“ (ВИДЕО)

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се повреди неодамна на натпреварот помеѓу Јувентус и Милан.

Ибрахимовиќ мораше да го напушти теренот поради повреда на коленото, а првите информации говореа дека станува збор за нешто посериозна повреда.

Шведските медиуми вчера објавија дека Ибрахимовиќ нема да биде подготвен за Европското првенство и дека најверојатно нема да биде на списокот на селекторот на оваа репрезентација.

Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата по пет години да им помогне за на Европското, но повредата се чини дека пристигна во најлош момент.

Пред неколку дена, Фудбалскиот сојуз на Шведска дури објави дека Ибрахимовиќ му рекол на селекторот Јане Андерсон дека нема да биде подготвен за Европското првенство, но како што стојат работите, тој се предомисли.

“Златан го извести Јане Андерсон дека не може да игра на Европското првенство поради повреда. Брзо закрепнување на Златан. Се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме на теренот”, соопшти Шведскиот фудбалски сојуз.

Имено, шведскиот напаѓач на Инстаграм денес објави дека веќе започнал лесен тренинг и сака што побрзо да се врати на терените.

Ибрахимовиќ исто така испрати јасна порака дека се уште има надеж да игра на европското првенство, а познавајќи го искусниот 39-годишен напаѓач, нема да биде чудо ако на крајот навистина се најде на списокот

„Не е готово се додека не кажам дека е готово“, рече Ибрахимовиќ на Инстаграм, што ја воодушеви јавноста во Шведска.

Оваа сезона, беше навистина одличен иако е во четвртата деценија од својот живот, па постигна 17 гола на 27 натпревари и забележа три асистенции.

За репрезентацијата на Шведска, Златан одигра 118 натпревари во својата кариера и постигна 62 гола.

Да потсетиме, Швеѓаните се на Европско во група со Шпанија, Полска и Словачка, а натпреварите се играат во Санкт Петербург и Севиља.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.