Силекс и Шкендија ги добија противниците во Европа!
Редакција16 јун 2026

Македонските претставници во првото коло од квалификациите од Конференциската лига ги добија ривалите на стартот од натпреварувањето. Освојувачот на Купот на Македонија Силекс од Кратово во првиот натпревар ќе гостува кај Динамо Минск, додека реваншот ќе го играат како домаќини во Скопје. Противникот на Силекс, кој беше еден од носителите важи и за фаворит.
Тетовска Шкендија ќе мора добрите европски резултати од ланската сезона на стартот да ги потврди против екипата на Европа од Гибралтар. Првиот натпревар тетовчани го играат на гости, а реваншот во Скопје.
Термини за одигрување на првиот натпревар е 9.јули, а реваншот се игра на 16.јули.
Сподели
Поврзани вести

Кој е Џани Инфантино – Од син на италијански мигранти до прв човек на светскиот фудбал и блискост со Трамп и Путин!

Трагедија во Романија: Шоферот имал срцев удар, минибусот на фудбалски клуб удрил во дрво, има загинати (ВИДЕО)

Пукна во самиот врв на ФИФА-Тоа е проект на еден човек! Жесток напад врз Инфантино!
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.
