SportM
Фудбал

Силекс славеше против Динамо Минск во Конференциската лига на УЕФА

Редакција9 јул 2026
Силекс славеше против Динамо Минск во Конференциската лига на УЕФА

Фудбалерите на Силекс вечерва на неутрален терен во бугарскиот град Стара Загора го совладаа Динамо Минск со 1-0 (1-0) и со гол предност ќе го пречекаат лидерот во белоруското првенство на реваншот идниот четврток во Скопје, во рамки на воведното квалификациско коло во Конференциската лига.

Новото летно засилување Есмир Хасукиќ му ја донесе победата на Силекс со гол од пенал во финишот на првото полувреме.

Освојувачот на македонскиот Куп одигра тактички одличен натпревар не дозволувајќи му на белорускиот тим посериозно да се закани во текот на целиот натпревар.

Својата добра игра во првите 45 минута Силекс ја круниса со водство во 42. минута кога најпрво Пановски беше фаулиран во шеснаесетникот, а Хусковиќ беше прецизен од белата точка.

Одбраната на Силекс делуваше сигирно во продолжението и ја зачува предноста пред реваншот што идниот четврток ќе се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во комплексот на ФФМ со почеток во 20 часот.

Победникот од пресметката меѓу Силекс и Динамо Минск за противник во второто квалификациско коло во Конференциската лига ќе го има Нефчи од Азербејџан

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.