Connect with us

Фудбал

Симеоне му е благодарен на Трипие: Беше важен играч за нас

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне му се заблагодари на Киеран Трипие за се што пружил во тој тим, откако англискиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во Њукасл.

Во следните неколку дена се очекува Трипие да ги мине лекарските прегледи и да се приклучи на премиерлигашот.

Според странските медиуми, вредноста на трансферот ќе биде околу 15 милиони фунти.

„Благодарни сме за се што направи Киран додека беше дел од нашиот тим. Му дадовме 48 часа да среди се. Се однесуваше многу убаво, беше важен играч за нас“, изјави Симеоне.

Трипие одигра 83 натпревари за Атлетико каде пристигна во 2019 година. Со мадридскиот тим минатата сезона ја освои титулата во Ла Лига.

 

Реклама

Facebook

Реклама