Симеоне проговори за проблемот на Барселона: Па зошто има тренери?

Антоан Гризман ќе игра втора сезона по ред во Атлетико Мадрид како позајмен играч од Барселона.
Барселона го испрати на позајмица и за минатата и за тековната сезона, а следното лето Атлетико е должен да го откупи за 40 милиони евра, доколку исполни одредена клаузула поврзана со минутажа (минимум просек од 30 минути по натпревар).
Ова лето газдите на Атлетико се предомислија за Гризман кој повеќе не сакаат да го купуваат трајно. Откако почна да игра се помалку, Диего Симеоне (52) на прес-конференција коментираше на таа тема.
„Морате да ги натерате играчите да разберат дека 30 добри минути се поважни од 60 минути одиграни лошо. Сите сакаат да играат што е можно повеќе, но токму затоа има тренери, да ги носат најдобрите одлуки за својот тим“, изјави Тренерот на Атлетико, пренесува 90мин.
Во оваа сезона во Ла Лига, Гризман одигра 29 минути против Хетафе, уште 29 против Виљареал и 27 против Валенсија, а медиумите во Шпанија јасно го означија тоа како проблем на Барселона, односно бегството на Атлетико од трајното купување на Французинот.
Гризман на почетокот на годината призна дека неговото време на „Камп Ноу“ не било она што би сакал, поради што сакал да се врати на „Ванда Метрополитано“.
„Точно е дека играв многу добро во Реал Сосиедад, а потоа и во Атлетико Мадрид пораснав спортски, но и лично, со сопругата и децата.
Ова ви помага да бидете многу поопуштени и да уживате во секој момент. Потоа се преселив во Барселона. Поради одредени околности, работите не беа толку добри како што очекував.
Затоа сакав да се вратам, да играм повторно за Чол (Диего Симеоне, оп. а) и за Атлетико. Тоа најмногу го сакав.
Вистината е дека сум среќен што сум тука и посакувам да продолжам. Се надевам дека Атлетико ме сака додека можам да ги следам натпреварите и да играм на високо ниво“, изјави Антоан Гризман за Transfermarkt.



