Поврзи се со нас

Фудбал

Синоќа „џуџето“ од 168 сантиметри изгледаше како џин! (ВИДЕО)

Н’Голо Канте го одигра еден од неговите најдобри натпревари во кариерата против Португалија.

Канте го постигна единствениот гол на натпреварот и му донесе триумф на својот тим за пласман на последниот турнир во Лигата на нациите.

Сепак, статистиката на францускиот играч за врска беше навистина импресивна, имајќи предвид дека тој е висок само 168 сантиметри.

Имено, играчот на Челзи успеа да победи на секој воздушен дуел против значително повисоките играчи од средниот ред на португалската репрезентација.

Канте беше одличен од двете страни на теренот. Тој имаше најуспешни стартови (5) и најмногу прекинати додавања (4) со стапка на успех на пас од 88%.

loading...

Facebook