Connect with us

Фудбал

Синот на Зинедин Зидан ќе брани за Алжир!

Голманот на шпанска Гранада, Лука Зидан, кој е син на прославениот француски фудбалер Зинедин Зидан, доби дебитантски повик во репрезентацијата на Алжир за претстојните натпревари во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Дваесетиседумгодишниот Лука Зидан, настапуваше за младинските селекции на Франција, но нема настап за сениорската репрезентација, а има право да игра за Алжир поради потеклото на неговиот татко.
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) пред две недели ја одобри промената на репрезентацијата за Зидан, кој одигра два натпревари за Реал Мадрид, кога неговиот татко беше селектор.
Алжир ќе игра против Сомалија на 9 октомври и против Уганда пет денови подоцна.
Во квалификациската група Г, Алжир води на табелата со четири бодови, а со победа на еден од двата октомвриски дуели ќе обезбеди место на Светското првенство следното лето во САД, Канада и Мексико.