SportM
Фудбал

Сите бегаат од Олд Трафорд, само тој се нуди, сака повторно да биде тренер на Манчестер Јунајтед!

E R6 јан 2026
Сите бегаат од Олд Трафорд, само тој се нуди, сака повторно да биде тренер на Манчестер Јунајтед!

Рубен Аморим вчера доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед, па сега челниците на Црвените ѓаволи ја бараат неговата замена.

Според првичните информации, ниту еден од поголемите тренери во светот не ни помислува да дојде на Олд Трафорд, а интересно е што едно име само се понуди.

Фабрицио Романо објави дека Оле Гунар Солскјер е заинтересиран за испразнетото место на клупата на Јунајтед и дека му ги понудил своите услуги на клубот.

Како што истакна Романо, на Солскјер не му е важно дали ќе добие договор до крајот на сезоната или подолгорочен, туку само да се врати на Олд Трафорд.
Да потсетиме, Солскјер како играч на Јунајтед учествуваше во освојувањето на шест шампионски титули во Англија и постигна гол во култното финале на Лигата на шампионите во 1999 година, а во улога на тренер, од декември 2018 до отказот во ноември 2021 година, со Јунајтед играше и финале во Лига Европа.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.