SportM
Фудбал

Сите играчи клекнаа во знак на протест, а Сон и Бентеке започнаа да трчаат (ВИДЕО)

Д М13 дек 2020
Сите играчи клекнаа во знак на протест, а Сон и Бентеке започнаа да трчаат (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем денес освоија бод на гостувањето кај Кристал Палас (1:1) во мечот од 12-тото коло на Премиер лигата.

Тотенхем имаше предност од 23. минута кога Кејн погоди за 0:1, но Кристал Палас дојде до израмнување преку Шлуп во самиот финиш.

Но, натпреварот беше обележан со неверојатен момент што се случи непосредно пред почетокот на натпреварот.

Имено, судијата го обележа знакот за моментот на протестот „Black Lives Matters“, но Сон и Бентеке не го разбраа тоа.

Бентеке започна да трча, а Сон го следеше, и кога сфатија што се случува, клекнаа како ништо да не се случило. Ова видео ги насмеа многумина до солзи.

https://twitter.com/i/status/1338159241882980354

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.