Сите играчи на Арсенал синоќа завршија во изолација!

Натпреварот во Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Арсенал нема да се одигра денес бидејќи беше одложен доцна синоќа.
Откако претседателот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, вчера објави дека е заразен со коронавирус, вечерашниот натпревар на „Етихад“ беше откажан и играчите на Арсенал беа ставен во карантин.
Одлуката за одложување на натпреварот е донесена поради мерки на претпазливост бидејќи фудбалерите на Арсенал и персоналот на клубот стапиле во контакт со Маринакис за време на финалниот натпревар од 1/16 Лига Европа на 27 февруари, соопшти лондонскиот клуб.
Ризикот од играч на Арсенал да биде заразен е многу мал, но според упатствата на британската влада, секој што имал контакт со кој било од заразените, треба да биде изолиран во период од 14 дена.
„Играчите ќе останат дома додека не истече периодот од 14 дена. Четворицата вработени во Арсенал кои седат во близина на Маринакис за време на натпреварот, исто така, ќе останат дома“, соопштија од Арсенал.
Организаторите на Премиер лигата рекоа дека немаат друга алтернатива освен да го одложат мечот и дека засега не постои опасност да се одложат сите други натпревари.



