SportM
Фудбал

Сите играчи на Баерн имаа причина да слават синоќа, освен еден

Д М26 фев 2020
Сите играчи на Баерн имаа причина да слават синоќа, освен еден

Баерн направи голем чекор кон следната фаза во Лигата на шампионите, откако го совлада Челзи со 0:3 на „Стемфорд Бриџ“.

По одличниот и убедлив триумф, сите играчи на Баерн имаа причина да слават и да уживаат, освен еден. Кингсли Коман кој се здоби со нова повреда.

Коман беше стартер на „Стемфорд Бриџ“, но по еден час игра мораше да го напушти теренот поради проблеми.

Францускиот крилен играч е познат како играч на „стакло“ и лесно и често е повреден. Исклучок не беше синоќешниот натпревар.

Овој 23-годишник одигра неколку натпревари, а сега има нова пауза поради проблеми со бутниот мускул на десната нога.

На Баерн им било речено дека ќе паузира пет дена, но со оглед на минатите повреди на Коман, прогнозата на лекарот треба да се земе со резерва.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.