Сите истрчаа на култниот стадион: Момент кој се чека 21 година (ВИДЕО)

Фулам го освои англискиот шампионат откако во понеделникот го совлада Лутон Таун со 7-0.
Централна фигура овој ден беше српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, кој постигна два од седумте гола на домашната екипа. Со 43 гола во 46 натпревари, Митровиќ стана апсолутен рекордер на 2. ранг на англискиот фудбал, а рекордот претходно го држеше напаѓачот на Портсмут, Гај Витингем со 42 гола во сезоната 1992/93.
Покрај тоа, Фулам денес стана првиот тим во историјата кој постигнал 100+ голови во сезоната на Чемпионшип.
Што се однесува до несреќните гости, ова беше нивниот најтежок пораз сезонава и еден од најтешките во историјата, но тие се уште се на шестото место и им е потребна победа над Ридинг во последното коло за да се пласираат во плеј-офот.
Fulham fans stormed the pitch after winning the Championship, their first title in 21 years 😳
(via @footballdaily)pic.twitter.com/r5n9TauIV9
— B/R Football (@brfootball) May 2, 2022
Фулам обезбеди враќање во Премиер лигата по победата од 3:0 над Престон минатото коло, но титулата беше освоена за прв пат по 21 година. Последен пат ја освоија титулата во сезоната 2000/01 под водство на Жан Тигана.
Митровиќ беше прогласен за најдобар играч на сезоната во Чемпионшип, а овој убав тим и следната сезона ќе го гледаме повторно во друштво на најдобрите англиски тимови.
Откако денеска заврши натпреварот, навивачите истрчаа на теренот на култниот стадион „Крејвен Котиџ“ за да ја прослават титулата.
Record = Broken. 🔥
Title = Done. ✅#FFC pic.twitter.com/lw1yDs2N0r
— Fulham Football Club (@FulhamFC) May 2, 2022
🏆 FULHAM ARE CROWNED CHAMPIONS! 🏆
The scenes 🤩pic.twitter.com/BHBfJAXIv7
— Sky Sports (@SkySports) May 2, 2022



