Фудбал
Сите киксираа, Интер славеше и застана на врвот! (ВИДЕО)
Интер славеше со 2:0 против Лацио и го искористи киксот на Милан, Јувентус, Наполи и дојде на врвот на табелата со 24 бодови, исто колку и Рома. Мечот против Лацио не понуди премногу возбудувања, но се чини тимот на Киву одигра колку што беше потребно за три бода. Лаутаро во првиот дел со прекрасен гол по три минути игра му донесе водство на Интер, а во второто полувреме Бони по прекрасната асистенција на Димарко зголеми на 2:0. Интер постигна уште еден гол за 3:0 преку Зиелински, но беше поништен бидејќи на почетокот на акцијата Димарко играше со рака. Лацио имаше две закани, една во првиот дел и втората во вториот кога топката од стативата заврши на гол линијата и не ја помина со целиот обем, па поради тоа немаше гол.
Сега следува репрезентативна пауза, а веднаш потоа на програмата е големото градско дерби помеѓу Интер и Милан.