Connect with us

Фудбал

Сите се збунети: На никој не му е јасно што се обиде да направи Шиме Врсаљко (ВИДЕО)

Хрватска беше поразена на пријателскиот натпревар во Брисел од селекцијата на Белгија со 1:0.

Единствениот гол на овој натпревар го постигна Ромелу Лукаку, и вистинско чудо е што немаше повеќе голови, бидејќи и двата тима имаа многу добра шанса да постигнат гол.

Сепак, она што го привлече вниманието на многумина беше потегот на десниот бек на Хрватска, Шиме Врсаљко, на самиот крај на играта.

Во 88. минута хрватскиот дефанзивец на необичен начин се обиде да ја спаси топката што излезе.

Иако беше доста далеку од неа и без никаква можност да ја фати топката, Врсаљко реши да скокне по неа и со тоа предизвика зачуденост кај многумина.

На никому не му е јасно што се обиде да стори во овој случај, бидејќи тој дефинитивно не беше ни близу до фаќање на топка.

Врсаљко го забележа својот 49. настап за репрезентацијата на Хрватска против Белгија.

 

Реклама

Facebook