Поврзи се со нас

Фудбал

Сите во Шкотска славеа по последниот пенал, херојт не, а објасни и зошто (ВИДЕО)

Синоќа во Белград, Шкотска го освои првиот пласман на Европското првенство од 1997 година.

Шкотите успеаа да ја елиминираат Србија на пенали во финалето од плејофот во Лигата на нации, па следното лето ќе играат на Европското првенство со уште 23 најдобри селекции на Стариот континент, вклучувајки ја и Македонија.

Херој на Шкотска без сомнение беше голманот Дејвид Маршал, кој успеа да го одбрани ударот на Александар Митровиќ во последната пенал серија.

Снимката јасно покажа дека Маршал воопшто не славеше на почетокот за разлика од неговите соиграчи и сите навивачи ширум Шкотска. Тој, всушност, беше загрижен дали судијата ќе го повтори пеналот на Митровиќ. Маршал го чекаше ударот на Митровиќ излегувајќи од гол-линијата.

Честопати ваквите ситуации се казнуваат со повторување на пеналите, но овој пат тоа не се случи и Шкотска се најде на ЕУРО.

„Не ја прославив веднаш најважната одбрана во мојот живот затоа што се молев судијата да не го повртори пеналот“, објасни Маршал.

loading...

Facebook