SportM
Фудбал

Сити и Барса во игра за играчот од средниот ред на Јуве

Д М29 окт 2019
Сити и Барса во игра за играчот од средниот ред на Јуве

Барселона и Манчестер Сити се обидоа да го купат Родриго Бентакур од Јувентус за време на летниот трансфер период.

Се вели дека Сити направил конкретна понуда за уругвајскиот играч од средниот ред, но Јувентус ја одбил понудата за 22-годишниот играч откако го видел како важен играч за иднината.

Бентакур има договор до летото 2024 година со „Бјанконерите“, меѓутоа самиот играч може да побара заминување на крајот на сезоната, бидејќи досега тој воопшто не е активиран.

Интересот за Сити и Барса продолжува и двата клуба ќе се вратат да тропанат на вратата на Италијанскиот шампион следното лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.