Поврзи се со нас

Фудбал

Сити испраќа понуда за Меси: Исклучително мала цифра, со оглед на денешните цени на пазарот

Лионел Меси беше многу блиску до напуштање на Барселона ова лето и Манчестер Сити беше првиот фаворит да го донесе.

Се верува дека Меси постигнал личен договор со Пеп Гвардиола и Сити и дека навистина ќе заминеше, но на крајот разбра дека не постои клаузула во договорот според која може да ја напушти Барселона секое лето ако тој посака.

Затоа, Меси беше принуден да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор истекува следното лето, се верува дека ова е негова последна сезона во Каталонија и дека на крајот на сезоната ќе замине за Англија.

Медиумите во Англија тврдат дека Манчестер Сити подготвил понуда „тешка“ само 15 милиони фунти за трансфер на Меси во јануари. Аргентинецот може да замине бесплатно на крајот од сезоната, па на „Етихад“ веруваат дека тие 15 милиони ќе бидат доволни Барселона да заработи нешто половина година пред истекот на нивниот договор.

Се разбира, исклучително мала бројка со оглед на денешното движење на цените на фудбалскиот пазар, без оглед на фактот дека Аргентинецот влезе во доцните години и што можеби не тоа што беше пред неколку сезони.

Advertisement