SportM
Фудбал

Сити лесно помина понатаму, Јунајтед треба да одигра нов натпревар

Д М4 јан 2020
Сити лесно помина понатаму, Јунајтед треба да одигра нов натпревар

Манчестер Сити помина во следното коло од ФА Купот без многу потешкотии, додека Манчестер Јунајтед ќе одигра повторен натпревар.

Сити беше домаќин на Порт Вале на „Етихад“ и го победи третолигашот прилично лесно – 4: 1. Жинченко, Агуеро, Харвуд-Белис и Фоден сите постигнаа гол против аутсајдерот, кој сепак успеа да постигне гол преку Папа во 35-та минута.

Лестер исто така тргна напред, совладувајќи го Виган со 2:0, додека Борнмут го собори Лутон со 4:0, а Портсмут славеше со 2:0 кај Флетвуд.

Нај неефикасен натпревар одиграа Волверхемптон и Манчестер Јунајтед. Дуелот заврши без погодок, па двете екипи ќе одиграат повторен натпревар на „Олд Трафорд“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.