Connect with us

Фудбал

Сити одговори по одлуката на УЕФА: Разочарани сме, но не изненадени…

Објавено:

Манчестер Сити ќе биде исфрлен од натпреварувањата на УЕФА во текот на следните две години и казнет со 30 милиони евра за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП).

УЕФА ја објави одлуката денес, а екипата на Манчестер веднаш издаде соопштение во кое се очекуваше да бидат многу разочарани.

„Манчестер Сити е разочаран, но не изненаден од денешната одлука на УЕФА. Во декември 2018 година, истражителите на УЕФА јавно објавија санкции кон Манчестер Сити пред да започнат истрагата. УЕФА започна истрага, ја спроведе и пресуди. Клубот поднесе приговоро поради сите случувања и упати жалба до дисциплинското тело на УЕФА, а по оваа одлука ќе биде поведен процес на жалба до Судот за арбитража за спорт во Лозана“, велат од Сити.

Во случај да остане на сила одлуката на УЕФА, Сити нема да игра во Лигата на шампионите следните две сезони, што секако би бил голем удар за овој клуб.

 

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама