SportM
Фудбал

Сити со дебела понуда за Халанд

Д М3 фев 2022
Сити со дебела понуда за Халанд

Англискиот шампион е подготвен да му плаќа на норвешкиот напаѓач 25 милиони евра годишно. Но Халанд го сакаат и другите европски фудбалски гиганти

Манчестер Сити е доста заинтересиран за Ерлинг Халанд.

„Граѓаните“ всушност подготвуваат дебела понуда за норвешкиот напаѓач, како што предвидува медиумот „Тодофичајес“.

Англискиот шампион е подготвен на фудбалерот на Борусија Дортмунд да му даде плата од 25 милиони евра годишно.

Дури се вели дека Сити оваа идеја му ја предложил на менаџерот на играчот, Мино Раиола.

Оваа сума моментално ја добива Кевин де Брујн, кој е најплатен на стадионот „Етихад“.

Што се однесува до Премиер лигата, само Кристијано Роналдо е повеќе платен.

Халанд го сакаат и клубови како Барселона, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.