SportM
Фудбал

Ситуацијата со статусот на Јовиќ во Реал станува речиси нереална

Д М5 апр 2022
Ситуацијата со статусот на Јовиќ во Реал станува речиси нереална

Лука Јовиќ навистина нема среќа во Реал Мадрид.

А кога треба да добие шанса, кога ја заслужува, Јовиќ го следат бројни пехови.

Така сега поради повреда ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите во среда против Челзи, но и гостувањето кај Селта Виго во рамките на шпанското првенство.

Станува збор за повреда на скочниот зглоб со која се здоби на натпреварот помеѓу репрезентациите на Данска и Србија.

Јовиќ потоа влезе на стартот од вториот дел, но на теренот мина само 34 минути.

Последниот настап за Реал го имаше на 20 јануари против Елче, а долго време се шпекулираше дека наскоро ќе го напушти Мадрид.

Српскиот напаѓач одигра вкупно 49 натпревари за кралевите и постигна само три гола. Премалку за скапо платен фудбалер чија плата на „Сантијаго Бернабеу“ е четири и пол милиони евра.

Реал ќе треба да добие 30 милиони евра за Јовиќ за да ги амортизира трошоците за неговото доведување, но прашање е дали некој ќе сака да плати толку за овој напаѓач на крајот од сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.