SportM
Фудбал

Скај Спорт: Халанд и Рајс се главните желби на Челзи!

Д М22 дек 2020
Скај Спорт: Халанд и Рајс се главните желби на Челзи!

Ерлинг Халанд и Деклан Рајс се главните желби на лондонски Челзи во летниот преоден рок.

Барем така тврди новинарот на „Скај Спорт“, Анџело Мангианте, најавувајќи дека Челзи ќе ги земе овие двајца играчи во летниот преоден рок.

Рајс долго време се поврзуваше со преселбата на Стемфорд Бриџ. Желбата на Френк Лампард е голема и скоро е сигурно дека тој ќе стане нов член на Челзи.

Сепак, носењето на Халанд ќе биде малку поголем предизвик. Најдобриот тим во Европа го сака норвешкото чудо, тој се поврзува со Реал и Јувентус, но и со Манчестер Јунајтед.

Халанд има можност да ја напушти Борусија следното лето. Бројката за која може да биде ослободен е 75 милиони евра и ќе видиме дали ќе го стори тоа.

Челзи има многу одличен и млад тим, а доаѓањето на овие двајца играчи сигурно дополнително ќе ги засили.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.