Скај Спорт: Папу Гомез донесе одлука, но клубот му прави проблеми
Д М15 јан 2021

Алехандро Папу Гомез е во кавга со тренерот Гасперини и реши да ја напушти Аталанта.
Одличниот аргентински играч за врска има план да го напушти Бергамо, но проблем е фактот што Аталанта нема да го пушти ефтино да оди кај ривалите во Серија А како Интер или Наполи.
Играчот се реши да замине во клуб кој игра во Лигата на шампионите оваа зима, тој имаше за цел домашниот шампионат, но поради одлуката на Аталанта ќе биде принуден да бара тим надвор од Италија.
Сепак, работата е што нема понуди за Гомез од странство и засега има интерес само од неколку екипи од Серија А.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



