Скалони: Само Меси и Ди Марија имаат загарантирани места
Д М27 мар 2024

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони ги сподели своите впечатоци од победата на пријателскиот натпревар против Костарика.
Аргентинците изутринава во Лос Анџелес триумфираа со 3:1.
– Задоволни сме од тоа како поминаа пријателските натпревари. Видовме дека нема лесни противници. Вториот натпревар ни беше многу корисен, видов зрел тим. Тимот отсекогаш имал многу квалитетни играчи од средниот ред. На оваа позиција сме доста добро покриени. Само Меси и Ди Марија имаат загарантирано место во тимот за Копа Америка, изјави Скалони на прес-конференцијата по средбата со Костарика.
Аргентина претстојното лето на Копа Америка ќе игра во групата А против Канада, Перу и Чиле.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



