SportM
Тајм аут

Скандал го тресе Бразил: Ги однел и сопругата и љубовницата на Мундијалот, а се платил со парите од федерацијата!

Редакција16 јун 2026
Скандал го тресе Бразил: Ги однел и сопругата и љубовницата на Мундијалот, а се платил со парите од федерацијата!

Во центарот на вниманието се најде претседателот на Фудбалската федерација на Бразил (ФФБ), Самир Хауд. Според наводите на бразилските медиуми, Хауд користел средства од федерацијата за покривање на трошоци за патувања и сместување на лица од неговиот приватен живот, меѓу кои и сопругата и наводна љубовница.

Истрагата ја објави познатиот бразилски новинар Лео Диас, кој тврди дека претседателот на ФФБ на почетокот на јуни престојувал во Њујорк во друштво на Камила Кристина Андраде, фитнес интрукторка. Тие двајца наводно биле видени заедно во еден луксузен ресторан на Менхетен, додека Андраде престојувала во престижен хотел во центарот на градот.

ЛУКСУЗ НА СМЕТКА НА ФЕДЕРАЦИЈАТА

Според истражувањето, трошоците за нејзиниот престој, кои наводно надминале 10.000 долари, биле платени со средства на Фудбалската федерација на Бразил. Документацијата до која дошле новинарите наводно покажува поврзаност меѓу хотелската резервација и самиот претседател на федерацијата.

По престојот во Њујорк, Хауд отпатувал во Мексико Сити, каде му се придружила неговата сопруга Наталија. Брачната двојка потоа заедно присуствувала на церемонијата на отворање на Светското првенство.

ПРЕТХОДЕН СЛУЧАЈ

Медиумите наведуваат дека ова не е првпат да се појавуваат сомнежи за користење на пари на Федерацијата за приватни цели. Како пример се наведува патувањето на инфлуенсерката и фармацевтка Тамирес Фернандес Барселос во Доха кон крајот на минатата година за време на финалето на Светското клупско првенство.

Според истите извори, Барселос тогаш патувала со бизнис-класа и престојувала во луксузен хотел. Иако резервацијата била на нејзино име, сметката за сместување наводно била испратена директно до Фудбалската федерација на Бразил.

РЕАКЦИЈА НА ФЕДЕРАЦИЈАТА

По објавувањето на обвинувањата, од ФФБ се огласија со кратко соопштение, во кое ги отфрлаат тврдењата дека федерацијата ги покрива приватните трошоци на своите функционери.

„Трошоците за организација се исклучиво поврзани со институционални активности, додека сите приватни трошоци ги плаќаат од сопствени средства“, наведоа од Фудбалската федерација на Бразил.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.