SportM
Фудбал

Скандал во Франција: Малолетнички поставија „стапица“, сенегалскиот репрезентативец падна

Д М20 окт 2021
Скандал во Франција: Малолетнички поставија „стапица“, сенегалскиот репрезентативец падна

Сенегалскиот репрезентативец Сиди Сар е во центарот на скандалот што го тресе францускиот фудбал.

Фудбалерот на Ним призна во полиција дека имал сексуални односи со малолетници, а на неверојатен начин завршил во полиција.

Имено, две тинејџерки го украле автомобилот на Сар пред ноќен клуб, по што фудбалерот пријавил се во полиција, но таму бил шокиран. Девојките чекале во полициската станица и признале дека го украле автомобилот за да може и Сар да се појави во полициска станица и тој веќе нема излез, призна дека имал сексуален однос со споменатите девојки.

Бидејќи се малолетнички, Фудбалскиот сојуз на Франција ќе го санкционира фудбалерот на Ним, и најверојатно ќе биде парична казна.

Не е првпат Сар да се најде во скандали. Пред три години додека играше за Шатерау, доцнеше на тренинг пред натпреварот, бидејќи наводно бил претходната вечер со девојка која исто така ја запознал во клуб. Се разбира, клубот го казни и тогаш.

Ја започна својата кариера во Сакр, потоа продолжи во Мбур, исто така, во родниот Сенегал, по што започна европска авантура во Кортријк, Шатеру, Лориен и конечно се пресели во Ним. За репрезентацијата на Сенегал одигра шест натпревари и постигна два гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.