SportM
Фудбал

Скандал во Франција, навивачи го искршија автобусот на Лион, Фабио Гросо со крвава глава! Откажан мечот со Марсеј (ВИДЕО)

Д М29 окт 2023
Скандал во Франција, навивачи го искршија автобусот на Лион, Фабио Гросо со крвава глава! Откажан мечот со Марсеј (ВИДЕО)

Тренерот на Лион, Фабио Гросо е повреден кога автобусот на неговиот тим кој се движел кон стадионот во Марсеј за претстојниот натпревар бил гаѓан со камења. Италијанскиот стручњак се здоби со повреди на главата кои предизвикаа крварење, а неодамна беше објавено дека средба на Велодром нема да има на закажаниот термин.

Избраниците на Гросо се последни на табелата во францускиот шампионат со само три бода по девет кола, а планирано е од 20.45 часот да му гостуваат на својот голем ривал Марсеј во многу важен натпревар.

Од тимот тврдат дека биле каменувани и три автобуси полни со навивачи на гостинскиот тим, но засега нема информации за повредени.

Лион допрва треба да победи, откако забележа три нерешени и шест порази. Гросо неодамна седна на загреаната клупа, бидејќи францускиот гигант го има најлошиот старт на сезоната во историјата на клубот.

Поради тоа е одложен натпреварот од 10. коло меѓу Олимпик Марсеј и Олимпик Лион.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.