Connect with us

Други спортови

Скандал во Париз, шампионката од бес го напуштa Ролан Гарос и ја завршува кариерата!

Се крена многу прашина без воопшто да започне Ролан Гарос. Во женска конкуренција поранешната шампионка на УС Опен, Ема Радукану, не доби специјална покана и одби да се натпреварува, а сега нејзиниот пример го следеше и Каролина Вознијацки.

Данката, која беше број еден на ВТА листата во 2010 година, го освои Австралија Опен и двапати беше во финалето на УС Опен, а сега како 119-та во светот исто така не доби посебна покана.

Поради тоа не и паѓаше на памет да игра квалификации, а сега нејзиниот татко силно ги удри организаторите на турнирот! Пјотр Вознијацки, Полјак кој се преселил во Данска, сега за полските медиуми изјавил дека „Каролина рече дека никогаш во целиот живот не работела толку напорно што сега ќе мора да почне како да е јуниорка“.

Француската тениска федерација подели осум специјални покани во двата дела од ждрепката во сингл, а по 12 добија француски тенисери и тенисерки. На крајот немаше место за поранешната најдобра тенисерка на светот, која се врати на теренот по три и пол години пауза.

“Каролина е идеален пример за тоа како женскиот тенис е патолошки ориентиран. Мојата ќерка нема заштитен пласман затоа што направи долга пауза и тоа е во ред. Но, зарем не вреди да се помогне на една таква девојка која реши да се врати. Се чини дека на WTA се однесува како аматер во најголемиот женски спорт. Во Рим исто така специјалните покани им се дадени на Италијанците. Разбирам дека се промовираат млади играчи, но како да се даде тенисерка која не е на 1.000-то место на турнирот?“, прашува Пјотр Вознијацки.

За време на паузата од тенисот, таа роди ќерка во јуни 2021 година. Таткото е познатиот американски кошаркар Дејвид Ли, кој ја запроси Каролина во ноември 2017 година, а се венчаа во јуни 2019 година. И покрај тоа што сега има семејство и ќерка, таа реши да му се врати на тенисот, па токму затоа е незадоволна од третманот што го добива.

Таткото на Каролин Вознијацки истакна дека поради Ролан Гарос и ВТА, неговата ќерка повторно се повлекува на крајот на сезоната.