Случаите со КОВИД-19 во италијанскиот фудбал продолжуваат
Д М20 авг 2020

Торино официјално објави дека двајца играчи, тестираа позитивно за коронавирус.
Фудбалерите на овој тим направија тестови пред да се вратат на тренинзите за новата сезона и клубот има забележано два случаи на КОВИД-19 во својот состав.
„Фудбалскиот клуб Торино објавува дека двајца играчи имаат тестирано позитивно на КОВИД-19 на тестовите пред тренинг“, пишува во изјавата на клубот.
„Клубот ги извести надлежните органи и двајцата играчи, кои се асимптоматски, дека се изолирани според протоколот“.
„Како резултат, направени се истраги и тројца други играчи на првиот тим кои оствариле контакт со овие лица, исто така, ќе бидат изолирани и нема да бидат дел од групниот тренинг“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



