Сметките на Роналдињо се празни, бразилските власти бараат пари

Фото: Judge rules Ronaldinho must remain in Paraguayan jail – Paraguayan Supreme Court, Asuncion, Paraguay – March 7, 2020? Ronaldinho handcuffed and escorted by police at the Supreme Court of Paraguay?REUTERS/Jorge Adorno – RC29FF93XXS4
Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан, Роналдињо се уште има сериозни проблеми со властите во својата земја. Сега тој се соочува со реална можност да му одземе два имота.
Ваквата ситуација настана бидејќи банкарските сметки на поранешниот репрезентативец се празни, а тој и должи сериозни даноци на државата. Локалните власти наредија проценката на двата имоти на Роналдињо, кои се наоѓаат во Рио де Жанеиро и неговата родна држава Рио Гранде де Сул, да се искористи за отплата на долговите на поранешниот фудбалер.
Во ноември 2018 година, бразилските власти запленија луксузен автомобил и уметнички дела, откако Роналдињо и неговиот брат Роберто де Асис Мореира во голема мера не ги платија казните наметнати на неговата хуманитарна организација.
На поранешниот репрезентативец пред еден месец му беше одземен пасошот, откако не платил уште една финансиска казна изречена во случајот со дивоградба во заштитено подрачје.



