Со пехар или без, Консеисао заминува од Милан
Редакција29 апр 2025

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао нема намера да остане во клубот по завршувањето на сезоната, објави денеска „Калчомеркато“.
Стручњакот има две опции по финалниот натпревар за „росонерите“ против Болоња за Купот на Италија.
Доколку гигантот од Милано загуби во решавачкиот натпревар за трофејот, Португалецот сигурно ќе биде отпуштен. Доколку Милан сепак победи, 50-годишниот Консеисао има намера да поднесе оставка.
Натпреварот помеѓу Милан и Болоња ќе се одржи на 14 мај во Рим. Три дена пред тоа, тие ќе се сретнат и во првенството.
Серхио Консеисао е на чело на седумкратниот европски клупски шампион од 30 декември минатата година.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



