Поврзи се со нас

Фудбал

Со три гола на самата завршница, Манчестер Јунајтед го скрши отпорот на Њукасл, брилијантен беше Рашфорд

Во последниот натпревар од саботната програма од петтото коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го совлада Њукасл со 4:1 на Св. Џејмс Парк.

-текстот продолжува по рекламата-

Њукасл добро го отвори мечот, па поведе во втората минута со несреќен автогол на Лук Шоу, но Манчестер брзо се врати.

Прво, голот на Бруно Фернандеш во 20-тата минута беше поништен поради недозволена позиција на Хуан Мата, а потоа три минути подоцна беше Мата кој го изведе корнерот, а Хари Мегваер погоди со глава за 1:1.

-текстот продолжува по рекламите-

Во 58. минута, пенал за Јунајтед, но ударот на Фернандеш вечерва го одбрани расположениот Дарлоу. И кога се чинеше дека Јунајтед може повторно да разочара, следеше одличен крај на натпреварот.

Прво Маркус Рашфорд мајсторски изигра со Фернандеш во 86-та минута за пресврт на „црвените ѓаволи“, потоа во 90-та минута повторно одлична топка на Рашфорд, овој пат за Ван-Бисаку кој постигна гол, а во последните секунди самиот Рашфорд ги постави конечните 4:1 по долгата топка на Фернандеш.

Ова е втора победа на Манчестер и со шест освоени бода е само на 14-то место, но секако овие три бода ќе му дадат ветер на грбот на тимот на Оле Гунар Солскјер.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама