Собата на Меси во Доха ќе има посебна намена

Собата во која престојуваше Лионел Меси за време на Светското првенство во Катар ќе стане музеј.
Аргентинецот беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство, каде неговата репрезентација го освои златниот медал, а во решавачкиот меч двапати го чекираше францускиот голман Уго Лорис.
Напаѓачот на ПСЖ постигна седум гола во првенството и ја доби сребрената копачка за втор стрелец на Светското првенство. Килијан Мбапе постигна уште еден.
Достигнувањата на Меси во Доха сега ќе бидат овековечени, а областа „Универзитет во Катар“ каде престојуваше Аргентинецот ќе биде претворена во мал музеј. На овој начин љубителите на фудбалот ќе можат да видат како седумкратниот освојувач на „Златната топка“ го поминувал своето време меѓу натпреварите на Светското првенство.
La habitación en la que estaba alojado Leo Messi en la universidad de Qatar durante el mundial se convertirá en un pequeño museo. 👌👌👌🇦🇷 pic.twitter.com/0mpgZnIMUX
— Achraf Ben Ayad (@Benayadachraf) December 27, 2022



