„Соиграчите пред натпреварот ги донесоа обожавателките во кампот, а на натпреварот немаа сила поради сексот

Во 1998 година, фудбалската репрезентација на Нигерија имаше тим од кој се плашеа и најголемите селекции во светот.
„Супер орлите“ ја поминаа групата на Светското првенство како првопласирани пред Парагвај и Шпанија, но беа целосно декласирани од Данска во осмото финале со резултат 4: 1.
Дури 22 години подоцна, член на златната нигериска генерација, Тарибо Вест, откри зошто неговата селекција одигра толку лош натпревар на 28 јуни 1998 година.
Причината е сексот. Фудбалерите до зори лумпуваа ноќта пред натпреварот, и се дружеа со обожавателките.
„Слушнав дека некои играчи беа во ноќните клубови за време на Светскиот куп. Искрено, не знам за тоа, но знам дека некои играчи ги донесоа обожавателките во кампот. Го видов тоа“, рече Вест и потоа продолжи:
„Жените што ги донесоа беа Африканки, обожавателки кои беа заљубени во нашите момчиња. Лесно беше да ги намамат во собата. Поради ова, некои играчи немаа сила против Данска. Тие беа уморни затоа што ноќта ја минаа со овие жени. Викав на нив на теренот бев многу лут. Тоа го сторија затоа што мислеа дека лесно ќе ја победиме Данска“, откри Вест.
Покрај Вест, во познатата генерација на Нигерија играа Финда Џорџе, Селестин Бабајаро, Jеј Окоча, Тијани Бабангида, Виктор Икепеба, Санди Олишех, Нванково Кану, со Бора Милутиновиќ на клупата.



