Солари е тука само додека не најдат начин да го доведат Почетино

Стив МекМанаман верува дека Сантијаго Соалари е привремено решение за Реал Мадрид.
МекМанаман, бивши играч на Реал, зборуваше за „беИН Спорт“ за ситуацијата во Реал, а фокусот секако беше да се смени Јулен Лопетеги и привремено да се именува Солари.
„Мислам дека Солари ќе биде тука само до моментот кога ќе успеат да го донесат Почетино. Но, доколку во наредните четири натпревари победат, постои можност, Перез да го задржи, да го направи она што го направи Зидан“ кажа МекМанаман.
„Сепак, тешко дека Солари ќе успее да направи нешто. Реал е веќе далеку позади Барса во лигата, тешко дека можат нешто во Лигата на шампионите, па не знам како Солари ќе успее на крајот да опстане.“ заклучи тој.
Реал уште по заминувањето на Зидан сакаше да го ангажира Почетино, но не успеа во тоа.



