Поврзи се со нас

Фудбал

Солскјаер го „затвори“ Погба: Тој ќе остане со нас уште две години

За време на неговите неодамнешни ангажмани со репрезентацијата на Франција, Пол Погба ја покажа својата желба да потпише за Реал Мадрид.

-текстот продолжува по рекламата-

„Сон е да се носи бел дрес. Зошто да не, да се реализира еден ден“, – рече тој за медиумите. Сепак, на прес-конференцијата пред гостувањето на Манчестер Јунајтед кај Њукасл, Оле Гунар Солскјер ја затвори вратата за секое излегување на светскиот шампион:

„Пол е наш играч и ќе биде тука уште две години. Сигурен сум дека Пол е насочен кон Манчестер Јунајтед. Тој ќе даде се од себе за себе и за клубот. Ние сакаме да го видиме најдоброто од Погба. Во следните две години, сигурен сум дека ќе го извлечеме најдоброто од него.“

-текстот продолжува по рекламите-

Како што предвидува „Марка“, Пол Погба има две опции: или трансфер во друг клуб, особено во Реал Мадрид, како што би сакал играчот, или автоматско обновување до 2022 година. „Црвените ѓаволи“ можат да го обноват договорот на Погба за година повеќе, до 2022 година, сè додека ја одржуваат тековната плата на играчот или ја подобруваат. И изгледа дека ќе го сторат тоа.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама