Солскјер одмара во Норвешка и чека да добие отказ, веќе е познато името на новиот тренер на Манчестер Јунајтед?

Оле Гунар Солскјер е мета на многу критики поради лошите резултати на клупата на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ претрпеа два тешки порази на домашен терен во изминатите две недели. Најпрвин Ливерпул ги совлада со 5-0, додека минатиот викенд загуби од Манчестер Сити со 2-0 во градското дерби.
Затоа Солскјер беше мета на големи критики од навивачите на Манчестер Јунајтед, кои бараат од челниците на клубот да го отпуштат норвешкиот стручњак.
Се очекуваше Солскјер да добие отказ по катастрофата против Ливерпул, но потоа челниците на клубот му дадоа поддршка откако Сер Алекс Фергусон „ургираше“ за него.
Сепак, откако Јунајтед беше поразен од Сити, се чини дека навивачите тотално го загубија трпението и бараат од клубот да ја искористи репрезентативната пауза за смена на тренерот.
Дека овде нешто се „готви“ најдобро покажува потегот на Солскјер, кој со семејството отпатува на одмор во Норвешка, а на играчите кои не отпатувале на репрезентативните собири им даде дури седум слободни дена.
Многумина сметаат дека Солскјер веќе е свесен за фактот дека може да добие отказ и затоа решил да се тргне од очите на јавноста, а наводно веќе се знае кој би можел да биде новиот тренер на „црвените ѓаволи“.
Имено, англиските медиуми објавија дека Брендан Роџерс бил најблиску до преземање на клупата на Јунајтед, кој веќе разговарал со челниците на овој клуб и се согласил на нивните услови.
🚨 Manchester United are confident that they can make Brendan Rodgers their next manager.
The Leicester boss has a clause in his contract letting him leave if a member of Europe's elite makes an approach.
(Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/QAgn8hWTe0
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 11, 2021
Иако со договор е врзан за Лестер, олеснителен факт за Манчестер Јунајтед е тоа што Роџерс има посебна клаузула во договорот со клубот од стадионот Кинг Пауер.
Според англиските медиуми, станува збор за клаузула дека Роџерс може да го раскине договорот без никакво обештетување во случај да добие понуда од некој европски гигант, што секако е Манчестер Јунајтед.
Очигледно е дека ни претстојат неколку возбудливи денови што се однесува до „црвените ѓаволи“, а дали Солскјер навистина ќе добие отказ или ќе добие уште една шанса, останува да видиме.



