Солскјаер: Погба, еден од најдобрите во светот

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер смета дека Пол Погба е еден од најдобрите играчи во светот, сега кога е во добра форма и се надева дека ќе има добро влијание врз составот на „црвените ѓаволи“ кога ќе се опорави од повредата.
Пол Погба мина низ многу тешкотии од почетокот на сезоната 2019/20, откако успеа да игра на само пет натпревари во Премиер лигата, поради повеќе повреди.
Победникот на Светскиот куп е надвор од терените поради повреда на ногата, која ја здоби уште во септември, испуштајќи 13 натпревари во сите натпреварувања додека поминува низ строг процес на закрепнување.
Солскјер очекува Погба да се врати во Манчестер Јунајтед, овој месец, но тој потврди дека играчот од средниот ред нема да има никаква улога во градското дерби против Манчестер Сити денес.
„Пол ќе игра кога ќе заздрави и ќе се врати во форма. Тој е еден од најдобрите играчи во светот кога е во добра форма“, рече Солскјаер.
„Веројатно ќе игра 45 минути во својот прв натпревар кога ќе се врати, половина час и можеби цели 90 минути. Зависи на кој натпревар тој се враќа и сакам да го вратам Погба во формата што ја имаше пред околу една година“, рече Солскјер.
„Црвените ѓаволи“ не се фаворити на денешниот натпревар, поради разлика од 11 поени меѓу двата клуба на табелата во Премиер лигата.



