Солскјер го изедначи рекордот на Базби
Д М5 јан 2019

Оле Гунар Солскјер го повтори рекордот на Мет Базби, откако ја забележа петтата победа во првите пет натпревари по поставувањето на тренерското место во Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ денес го победија Рединг со 2:0 во 1/32 финалето на Купот на Англија.
Норвежанецот на 19 декември го наследи Жозе Мурињо на клупата на Јунајтед и оттогаш со клубот оствари максимални пет победи.
Претходно, Манчестер јунајтед во Премиер лигата под водство на Солскјер досега ги победи Кардиф (5:1), Хадерсфилд (3:1), Бурнемут (4:1) и Њукасл (2:0).
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



