SportM
Фудбал

Солскјер ја објави лошата вест за Јунајтед: Го изгубивме до крајот на сезоната

Д М4 апр 2021
Солскјер ја објави лошата вест за Јунајтед: Го изгубивме до крајот на сезоната

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вечерва објави дека францускиот фудбалер Ентони Марсијал најверојатно ќе биде отсутен до крајот на сезоната.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ го повреди коленото на мечот на француската репрезентација против Казахстан во квалификациите за Светското првенство, а на крајот се покажа дека повредата е посериозна.

Пред натпреварот со Брајтон, Солскјер потврди дека Марсијал најверојатно ја завршил сезоната.

“За жал, тој го повреди коленото со националниот тим. Веројатно е изгубен до крајот на сезоната и тоа секако е разочарувачко. Имаше некои сигнали дека не е ништо сериозно, но се покажа дека не е така”, изјави менаџерот на Јунајтед кажа.

Марсијал одигра 36 натпревари оваа сезона и има учинок од седум погодоци и осум асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.