Солскјер крева раце од трофејот во Премиер лигата, но и од другите

Солскјер призна дека Манчестер Јунајтед најверојатно нема да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона, но тој си поставил, за цел да освои други трофеи со „црвените ѓаволи“.
„Црвените ѓаволи“ не успеаја да останат во чекор со Ливерпул и Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата оваа сезона, и сега ќе треба да се борат тешко за да најдат место во најдобрите четири.
Сепак, тие успеаја да стигнат до четвртфиналето на Купот Карабао и се на добар пат во Лига Европа, додека турнирот на другиот англиски куп, ФА Купот, ќе започне подоцна во сезоната.
„Не сакам да го пропуштам пехарот само затоа што не можеме да го освоиме трофејот во Премиер лигата. Ние сме далеку зад првите тимови“, рече Солскјаер на конференцијата пред викендот.
„Ќе дадеме се од себе и да се бориме за секој трофеј што можеме да го освоиме – но, ние на крајот мора да ја подобриме формата во лигата“.
Еден играч кој успеа да ги расположи навивачите на Манчестер Јунајтед во овој период е 18-годишниот Мејсон Гринвуд, за кого Солскјаер даде многу пофалби.
„Тој е сличен на Ван Перси на начинот на кој постигнува голови. Она што тој го прави е многу природно. Мислам дека тој не знае дали со десното или левото стапало е подобар“, рече Солскјаер.
„Мејсон ќе има одлична кариера, но понекогаш, не е вистинското време да го вклучите. Тој знае зошто не играше многу. Му даваме време“.



