SportM
Фудбал

Солскјер може да здивне: Јунајтед завршува одличен трансфер

Д М24 јун 2021
Солскјер може да здивне: Јунајтед завршува одличен трансфер

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо е близу до потпишување договор со Манчестер Јунајтед.

Угледниот „Гардијан“ пренесува дека „Црвените ѓаволи“ подготвиле понуда од 85 милиони евра до Борусија Дортмунд за услугите на овој одличен фудбалер, но во трансферот Јунајтед би вклучил уште еден фудбалер кој би тргнал за Дортмунд.

Гореспоменатиот 21-годишен Санчо во моментов е на ЕУРО со репрезентацијата на Англија, тој има договор со Милионерите до 2023 година, а повеќе детали треба да бидат познати кон средината на јули.

Дека приказната е сериозна, покажува и фактот дека Јунајтед за Санчо оддвои 350.000 фунти неделно, а Солскјер го постави англискиот репрезентативец како примарна цел ова лето. Норвежанецот претходно не криеше дека Санчо е една од неговите најголеми желби.

Санчо ги мина младинските категории Вотфорд и Манчестер Сити, а во Дормтунд пристигна како 17-годишен тинејџер во летото 2017 година.

Тој стана еден од клучните играчи на Дортмунд, а минатата сезона постигна 16 голови и запиша 20 асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања.

Иако има 21 година, тој веќе има 20 настапи за Англија и постигна три гола, додека за младинските селекции на Англија одигра 36 натпревари и постигна 23 погодоци.

Тој беше мета на некои други европски клубови, се споменуваше и ПСЖ, но се чини дека Јунајтед направи конкретни потези и Санчо наскоро треба да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.