Солскјер станува бивши и се знае кој ќе го наследи

Норвешкиот тренер Оле Гунар Солсјер наскоро ќе ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед, пренесува британски „Мирор“.
Јунајтед освои само три бода во првите три кола од новата сезона во Англија, но беше поразен од Тотенхем со 6-1 на последниот натпревар. Резултатите се очајни, но што е уште полошо – играта е исто така ужасна.
Според „Мирор“, управата на Јунајтед го изгуби трпението и планира да го отпушти Солскјер во првата можност. Да бидат работите уште полоши за Солсјер, неговиот тим во следниот месец ќе игра со ПСЖ, Челзи, Арсенал, Лајпциг и Евертон.
Освен ако нешто драстично не се промени во играта на Манчестер, Солскјер ќе „лета“, а наводно е решено наместо него да биде назначен за тренер Маурисио Почетино.
Поранешниот менаџер на Тотенхем е сè уште слободен, а Јунајтед гледа на него како долгорочно решение. Почетино одби некои понуди ова лето и е свесен дека ќе стане менаџер на славниот англиски клуб.



