Поврзи се со нас

Фудбал

Сон и Тотенхем потпишаа нов договор?

Во моментов второпласираната екипа од Премиер лигата, Тотенхем, преговара со нивниот најдобар играч Сон Хеунг-мин за потпишување нов договор.

Иако договорот на Сон со Тотенхем важи до летото 2023 година, очигледно е дека тие не сакаат ништо да остават на случајност во овој клуб.

Англиските медиуми јавуваат дека во тек се преговори за потпишување на нов договор што ќе го врзе Сон за Тотенхем до летото 2025 година.

Наводно, преговорите одат во вистинската насока, но финансиските детали за преговорите сè уште не се откриваат.

Да потсетиме, Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен, и со осум погодоци и две асистенции е на врвот на листата на стрелци во Премиер лигата.

 

loading...

Facebook