Connect with us

Фудбал

Сопственикот на Фулам се откажа од купувањето на „Вембли“

Американскиот милијардер со пакистанско потекло Шахид Кан се откажа од купувањето на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Американскиот милијардер со пакистанско потекло Шахид Кан се откажа од купувањето на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Кан е сопственик на фудбалскиот клуб Фулам, а намерата за купување на легендарниот стадион ја соопшти во мај.

Формалниот процес со англисдата Фудбалска асоцијација (ФА) започна во септември, при што Кан понуди 600 милиони фунти, а ФА би задржала права на стадионот во висина од 250 до 300 милиони фунти.

ФА соопшти дека ја почитува одлуката на милијардерот, кој неодамна на состанок се произнел дека меѓу нив има непремостиви разлики и дека се откажува од купувањето.

Воедно американскиот бизнисмен истакна дека не стекнал доволна поддршка во јавноста за купување на стадионот и доколку тоа би се реализирало би предизвикало негативни реакции.

– Понудата за купување на „Вембли“ беше кредибилна и таа сериозно беше разгледана. Шахид Кан не извести дека ја повлекува понудата и ние тоа во целост го почитуваме, истакна извршниот директор на ФА, Мартин Глен.

Кан според првобитниот план требаше да се обврзе дека англиската репрезентација ќе продолжи да игра на „Вембли“, а дека Фулам ќе остане да игра на „Крејвен котиџ“.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com